Радио Милева примамлива понуда

Властите најавија отворање на локалите, музичарот и угостител Трајче Толевски го најави новото мени на својата кафеана: Штом помине забраната ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе од храната (ВИДЕО)

Властите најавија отворање на локалите, музичарот и угостител Трајче Толевски го најави новото мени на својата кафеана: Штом помине забраната ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе од храната (ВИДЕО)

Корона пандемијата наводно почнала да стивнува, па властите полека почнаа да ги олабавуваат мерките. Меѓудругото, најавија скорешно отворање на угостителските локали, кои ќе мораат да работат по новите „здравствено-угостителски“ протоколи, кои до душа, ниту се комплетно донесени, ниту  целосно им се јасни ни на оние кои ги носат, а камо ли на оние кои треба да ги спроведуваат!

Како и да е, „што дошло – ќе се трга“ – велат старите, па познатиот македонски музичар, член на групата „Скопски боеми“ и скопски угостител Трајче Толевски, навреме почна да си ја подготвува за работа својата кафеана  -„Камин Кама“.

Покрај задолжителната дезинфекција, реорганизација на просторот, новите цени… потребно е и ново мени! За функционирање според  новите „кафеанско-здравствени протоколи“ итриот Трајче, познат ем како голем мераклија и уште поголем шегаџија, решил да најде начин во новонастанатите услови на отежнато функционирање, како „ем волкот да биде сит, ем овците да бидат на број“… Или во превод, ем гостите задоволни, ем газдата „во новото време“ да не е многу посиромашен во заработката од порано!

Просторот и квадратурата на кафеанта играат улога – ама не пресудна! Дали Трајче ќе го примени српскиот параван модел да „спојување“ на масите…

…Или скандинавскиот стакларник за двајца, сеедно. Тука не лежи ќарот!

И тогаш на музичарот му падна генијална идеја… Дека „зајакот лежи“ во менито… Тука е тајната на изборот, вкусот и заработката…

А вакво мени, какво што има намера да воведе газда Трајче, нема никој… Не само во Скопје, туку нема во цела Македонија. Ем подвижно, ем привлечно, ем примамливо и возбудливо, ем на пропишаната дистанца… И што е најважно,  гостинот нема „да падне на га*от“ од цените, туку со широко ококорени очи и „падната вилица“ ќе гледа во него… Во менито, та цената колкава и да е!

Зашто само кај газда Трајче и менито и цените се испишани на… На келнерката!

Па, штом ги отворат кафеаните и помине забраната, први ќе посакате менито да го „грицнете“ повеќе и од храната…

To top