Радио Милева
одговрна ѕвезда

Владо Георгиев влезе со медицинска маска во маркет, па ги „распука“ останатите муштерии: „Ми се смеете, а допирате, кашлате и кивате каде ќе стигнете“ (ФОТО)

Владо Георгиев влезе со медицинска маска во маркет, па ги „распука“ останатите муштерии: „Ми се смеете, а допирате, кашлате и кивате каде ќе стигнете“ (ФОТО)

Пејачот, музичар и композитор, Владо Георгиев  објави фотографија со која ги „запали“ социјалните мрежи.

Популарниот „Барба“ со медицинска маска на лицето заштитен од  коронавирусот влегол во еден во маркет каде го дочекало непријатно изненадување.

„Браво на сите што се смеете на маски и ракавици,  а допирате, кашлате и кивате каде ќе стигнете. Речиси никој не носи заштита на себе… Тажно“ – напишал пејачот во описот на фотографијата.

 

„Оваа ситуација која е многу комплексна и опасна ги покажува на површина човечките атрибути и ги симнува маските. Себичност, недостаток на свест, примитивизам, користољубие, прилика за пресметка и доманиција… #COVID -19 е општ тест за љубовта, грижата и човечноста. Сите ќе го добиеме резултатот…“ – напишал Георгиев.

 

Останати вести од Радио Милева