Владата доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за прославата, а доби очајна посетеност. Народот овој пат не ја проголта лагата.

Организацијата на прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип, доживеја вистински дебакл.

Помалку  од 300 луѓе во родната Струмица на Зоран Заев. 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни плоштади и во останатите градови.

Видеото направено од еден граѓанин покажува дека едвај 20-ина луѓе го следат настапот на најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Дебакл, фијаско, катастрофа…


Информациите од терен говорат дека и тие во мал број што отишле на прославата се функционери од СДСМ, обичен народ скоро и да нема. Граѓаните овој пат не ја проголтаа лагата на власта- јасно се спротивставија на капитулантските политики. Македонците не го слават срамниот договор и промената на името.

Иако од власта постојано инсистираат дека граѓаните го поддржуваат нивниот пат и начин да се стигне до ЕУ и НАТО, вечерва низ сите 15 градови каде се одржуваат „прослави“, тие кажаа НЕ на предавничките политики на власта.

ШТИП
ГОСТИВАР
КАВАДАРЦИ
КОЧАНИ
СТРУГА
ТЕТОВО
ОХРИД
СТРУМИЦА