Радио Милева
холивуд во скопје

„Владата денеска падна!“: Тамара, Џамбазов, Ана Стојановска, Таско, Тракер, Луна, Стефан Лазаров… во „Black Ops“ – македонски акционен серијал каков досега не сте виделе (ВИДЕО)

„Владата денеска падна!“: Тамара, Џамбазов, Ана Стојановска, Таско, Тракер, Луна, Стефан Лазаров… во „Black Ops“ –  македонски акционен серијал каков досега не сте виделе (ВИДЕО)

Трејлерот за македонската акциона серија „BLACK OPS“ вчеравечер, недела, 06.јуни 2021 година беше промовиран во Скопје, во киното „Синеплекс“.

Во холивудски манир и сценарио, паркирани полициски хермелини и лузксузни лимузини со кои дел од актерите пристигнаа пред „Сити мол“, каде беа пречекани и продефилираа на црвениот тепих кој беше поставен токму пред најголемиот затворен трговскиот центар во македонската престолнина.

Љубопитни погледи на граѓаните, блицеви и објективи на фоторепортерите, кадри на камерите и позирање, прашања и одговори за новинарите… Скопје за миг заличи на како да е дел од големите светски метрополи во кои луксузно и гламурозно се промовираат најголемите светски блокбастери.

Кога сме веќе кај поводот и причината, во прашање е  домашна серија во продукција на Artistic Film Production, а во режија на Били Дурмишовски. Велат, македонски акционен серијал каков досега не сме виделе.

Приказната во „Black Ops“  го следи Вилијам Конор, американски војник, соочен со најтешките предизвици и најголемите тешкотии во животот.

Низ исклучително збунувачки збир на околности, тој започнува да ги составува изгубените парчиња од една неизмерно огромна и мрачна загатка што го води кон Балканот во Источна Европа и можноста за спасување на неговото киднапирано семејство.

Со помош на неговите пријатели Бабиќ и Нора, Конор успева да започне да ги бара слабостите на неговиот противник Сатар, за да открие дека меѓу сенките на злосторствата на Сатар, всушност се крие и демнее еден друг, многу посуптилен и баеги поопасен непријател.

Дел од оваа серија се многу познати и звучни имиња од македонската јавна сцена. Естрадни ѕвезди, актери, водители… меѓу кои и Давид Мука,  Христијан Тасковски – Таско, Тракер, Луна, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска, Игор Џамбазов…

Погледнете го трјлерот и очекувајте уште поголем спектакл… Барем, таква е најавата:

Останати вести од Радио Милева