Поради пандемијата со коронавирусот естрадните уметници речиси една година се на музичка пауза и не немаат настапи.
Многумина овој период го искористија да прават работи за кои немале време поради своите професионални обврски.
Така кога станува збор за понежниот пол, многу од познатите се пофалија како домаќинки и покажаа разни специјалитети кои ги подготвија.
Пејачката Елена Петреска на почетокот на годината беше хоспитализирана на Инфективна поради влошена состојба од коронавирус.
Меѓутоа, Петреска го победи злото на 21иот век и успеа да оздрави од Ковид 19. Tој период е зад неа.
Петрeска слободното време го користи да ужива со семејството во својот дом во Аеродром, но и да подготви по некој специјалитет.
Како што се пофали овојпат на социјалните мрежи таа направила бајадери без сеќер. Крајниот резлултат го сподели на „Инстаграм стори“, а според приложеното сигурно изгледа многу вкусно.
Наздравје!