Мегафон новогодишна порака

Вистина ви посакува Среќна Нова 2021 година

Вистина ви посакува Среќна Нова 2021 година

Зад нас е уште една година заедничко дружење… Изминуват последните часови на 2020-та, можеби најтешката во новиот милинеум, во која бевеме 365 дена заедно со вас… Ние, редакцијата на Вистина.мк и Вие, нашата верна читателска публика на нашиот портал, која ни остана верна и во деновите на пандемијата која го смени светот, која не затвори дома, ни го преврте животот наопаку, не отуѓи, ни го загрози здравјето, а за жал на многумина и им го одзема најсветото – животот.

Во овие не баш розови времиња, не знаеме дали и колку ни појде од рака барем малку да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, колку што беше можно да ве  релаксираме и опуштиме …  Нам  не ни се цел, ниту ни се приоритет политиката, црните хроники, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Иако сакале или не, во оваа тешка година што изминува, не можевме да ги избегнеме. Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската љубопитност, етиката и одговорност кон читателот, понекогаш не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за гордост, радост, пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово… А тоа во 2020-та го имаше и премногу.

Сепак, како и од првиот ден и годинава  се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени… Издржано четиво за читателите,  новинарска „лектира“ за „препишувачите“ од „копи – пејст конкуренцијата“, ако таквите, тоа воопшто и можат да ни бидат. Затоа и само една има Вистина… Вистина.ком.мк… Се’ друго е… знаете веќе што!

 

Да сте живи и здрави, радосни и весели, да имате многу посреќна година, многу поубава од оваа „несреќна“ 2020-та, која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Вистина.ком.мк никогаш нема да ве изневери!

Редакцијата на „Вистина.ком.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2021 година, среќни Божиќни празници и… Чувајте се!

To top