Мегафон

Виртуелна промоција на македонската култура во Брисел за 2021: „Неколку нијанси женски приказни“

Виртуелна промоција на македонската култура во Брисел за 2021: „Неколку нијанси женски приказни“

Кратки видеа посветени на пливачката Атина Бојаџи, првата фармацевтка на Балканот, Рајна Алексова и актерката и уметница, Калипсо Налча се дел од виртуелната промоција на македонската култура во Брисел за 2021 година.

„Горди сме што сме дел од промоцијата под наслов Дигитален вкус на културата, организирана од Мисијата на Република Македонија при ЕУ во Брисел, со селекција на видеа од нашиот проект Неколку нијанси женски приказни“ – вели директорката на „Музејот на македонската борба“, Даниела Николова.

To top