Осумте внуци на кралицата Елизабета Втора, вклучително и принцот од Велс и војводата од Сасекс, бдееа околу нејзиниот ковчег во Вестминстерската сала пред нејиното последно испраќање.
На барање на кралот Чарлс III, принцот Хари облече воена униформа за прв пат од 2020 година.
Принцот Хари носи цивилна облека на јавни настани откако умре кралицата.
На бдеењето присуствуваа и нејзините внуци Питер Филипс, Зара Тиндал, принцезите Беатрис и Евгениј, Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, Виконт Северн.
Нејзиниот најстар внук е Питер Филипс, на 44 години, а најмладиот е Џејмс, Виконт Северн, на 14 години.
Во тишина и со наведнати глави, осумте внуци стоеја на различни места околу ковчегот додека толпата луѓе продолжија да минуваат.
Принцот Вилијам стоеше на чело на ковчегот на кралицата, а принцот Хари на спротивната страна. Бдеењето на внуците траело нешто помалку од 15 минути.
Во петокот вечерта, децата на кралицата, вклучувајќи го и кралот, учествуваа во слично бдение, околу 10 минути.
фото:Јутјуб принтскрин