Радио Милева

Вил Смит заробен во калифорнискиот пекол:„Ова е страшно, бегајте веднаш“ (видео)

Вил Смит заробен во калифорнискиот пекол:„Ова е страшно, бегајте веднаш“ (видео)

Огнената стихија во Калифорнија не се смирува. Цел град Парадајс каде живееја 27 илјади жители е целосно уништен, а бројот на мртви постојано расте. Десетина илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, а меѓу нив се наоѓаат и познати личности.

Ким Кардашијан, Кејтлин Џенер, Џерард Батлер, Вил Смит и Алиса Милано, се само некои, а на социјалните мрежи кружат страшни фотографии. Батлер сподели фотографија на која се гледаат остатоците од неговата вила.

-Се вратив во мојот дом на Малибу по евакуацијата. Срцепарателни моменти во Калифорнија. Благодарен сум на пожарникарите. Благодарам на храброста и позитивниот дух, напиша актерот.

-Ќерка ми е нервозна, па ме натера да излезам надвор. Ова е страшно. Ние сме подготвени за евакуација, чекаме наредба. Ако сте во зоната на евакуација, бегајте веднаш, порача Вил Смит.

https://www.youtube.com/watch?v=cB8HPiYaKQY

To top