Радио Милева

Вил Смит: „Плачев во тоалетот бидејќи не бев оженет со жената која ја сакав“

Вил Смит: „Плачев во тоалетот бидејќи не бев оженет со жената која ја сакав“

Актерот Вил Смит во телевизиската емисија „Red table talk“ откри детали од приватноста кои досега не беа познати за јавноста.

Иако е добро познато дека 50 годишниот актер е во среќен долгогодишен брак со колешката Џејда Пинкет Смит, малку е се знае дека пред неа бил во брак со актерката Шере Зампино која му го роди денс 25 годишниот син Трејд.

За време на интервјуто Смит не криеше дека не бил среќен во тој брак и како неконтролирано плачел во тоалетот на еден ресторан. Во тој момент сфатил дека е во брак со погрешна жена.

-Беше една од најбизарните емоции кои сум ги почувствувал. Бевме во ресторан и се сеќавам дека морав да станам кога сфатив дека не сум со личноста со која треба да бидам, вели тој и додава: „Плачев и се смеев, знаев дека треба да бидам со Џејда, но не се разведов. Со години сакав да започнам врска со неа, но знаев дека енергиите ни се спојуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith) on

Во 1995 година тој се разведува од Шере , а две години подоцна се венчава со Џејда со која денес имаат две деца.

To top