На доделувањето на Греми наградите беше претставен форшпан за долгоочекваниот римејк „Аладин“. Улогата на духот му припадна на Вил Смит(50), додека Аладин го глуми Мена Масоуд(27).
-Навистина не знаеш кој сум јас? Дух? Желба? Ламба? Ништо од тоа не ти звучи познато? – прашува Вил на крајот од трејлерот, а се огласи и на социјалните мрежи.
-Ви реков дека ќе посинам. Требаше да ми верувате – напиша актерот.
Откако излезе трејлерот, обожавателите на Дизни почнаа да го исмејуваат Вил.
-Сега духот на Вил Смит ќе ме прогонува во ноќните кошмари – гласи еден коментар, додека друг се надоврза дека нема да може да спие.
Гај Ричи е режисерот, додека Смир призна дека секогаш е преплашен кога работи на иконски филмови. Режисерот го избрал Вил за улогата бидејќи сакал мускулест татко од 70-тите.