Радио Милева

Викторија пред нервен слом: Дејвид Бекам има млада љубовница!

Викторија пред нервен слом: Дејвид Бекам има млада љубовница!

Викторија и Дејвид Бекам се долго во брак и често медиумите се обидуваат да ги раздвојат. Неретко и самите си даваат повод за тоа.

Младата девојка Лејди Мери Чартерис го освоила вниманието на познатиот фудбалер, а неговите пријатели тврдат дека Бекам полудел по неа и поради неа останува до раните утрински часови на забавите. Викторија поради тоа е на раб од нервен слом.

Дополнителна нервоза и дава и фактот дека тој често не е дома, и дека Лејди Мери е 13 години помлада од него.

Не и е драга, а на Дејвид баш му се допаѓа и на забавите не дозволува другите мажи да зборуваат со неа, рекол неговиот пријател.

To top