Мкедонската манекенка и фото модел Викторија Луческа има нов имиџ. Згодната прилепчанка ја смени бојата на косата, па од костенливо-кафена бринета стана црнокоса! Црно си е црни и секогаш е во мода. Не дека и пред тоа не била такава…
Добро, тоагаша беше во прашање перика во црна боја, која рака на срце одлично и прилегаше, иако… Кој ти гледа во периката, кога има што да види под периката.
На таа еротска фотосесија повеќето, особено од посилниот пол, сакаа да ѕирнат што има малку подолу од периката.
Сега Лучето нема перика. На новите фотографии има само иста боја на косата – црна. Како што имаат иста желба и нејзините следбеници на социјалните мрежи – да ѕирнат што има малку подолу од фризурата. А подолу, како и погоре – црно… Ама и баеги истакнато!
Имено, Викторија сакаше да се пофали со новата боја на косата, па променета во бело сако под кое носи црн корсет со тантела, гордо ги истакна промените, ама и облините! А, промените и тоа како видливи! Оние горе, во фризурата и нејзиниот колорит се гледаат од авион, ама за оние подолу – недоумица?
Дали сексапилната прилепчанка покрај бојата за коса, не ја „засили“ и својата „силиконска долина“, па сега манекенката изгледа далеку понапредно… во градниот кош, секако?! Или е тоа само оптичка мамка?
Што и да е, едно е сигурно. Кај Лучето се гледа дека црно е погоре, црно е подолу… Сега се црно… И машала, понапредно! Барем на последните фотографии, кои се доказ… Црно на бело!