Радио Милева руска храброст...

Викторија Лоба за малку ќе настрадаше на снимање: Пејачката за влакно избегна несреќа?! (ФОТО)

Викторија Лоба за малку ќе настрадаше на снимање: Пејачката за влакно избегна несреќа?! (ФОТО)

Викторија Лоба неодамна стана заштитно лице на еден нов бренд на костими за капење.

По тој повод пејачката снимаше рекламна фотосесија во Охрид, а на снимањето на самиот едиторијал за влакно избегна фатална несреќа.

Имено, на русокосата убавица и се случи незгода, кога ветерот турна  една од конструкциите која за малку ќе паднеше врз неа. Но, Лоба покажа дека во нејзините вени навистина тече руска крв, па храбро и сталожено, наместо да избега, за миг се сврте и ја задржа истата.

Овој момент го „улови“ една од камерите, па видеото виртуелно се прошири на социјалните мрежи каде во моментов е едно од најгледаните.

Инаку, линијата за костими за капење на брендот во кои Лоба позира и фотографиите ги објави на Инстаграм ја истакнува  нејзината идеална форма и совршена фигура.

Интересно е и тоа што костимите носат имиња на острови, па така Лоба, а и сите што ќе ги набават, можеби ова лето не ќе можат да ги посетат, но затоа наместо тие на нив,  Миконос, Барбадос, Сејшели… ќе ги носат на себе.

To top