Кога нештата ни се убави, драги и на истите им се предаваме со многу љубов, тогаш времето ни минува брзо, или можеби само така мислиме…
Пејачката Викторија Лоба веќе една година официјално е во брак, но за неа тоа изгледа сосема поинаку, односно со друга перцепција од реалноста. Минатата година во месец август после црковната церемонија која се случи во црквата Св. Јован Канео во Охрид на ден Голема Богородица, пејачката и нејзниот избраник Ѓорѓи Калешов направија и свадбена забава.
Па така, откако си ги кажаа црковните завети, пред мал дел најблиски личности кои беа дел од церемонијата, тие не чекаа многу за да направат и свадбена веселба за поголем број на гости во еден ресторанот од еден познат скопски хотел.
Оттогаш помина точно една година, невеста се присети да датумот, па по тој повод објави досега невидени фотографии од свадбата, но имаше една јасна порака која му ја упати на сопругот, а сакаше и јавно да се знае како стојат нештата во нејзиниот брачен живот.
-Една година помина, а како вечера да беше. Те сакам, се изјасни среќната и исполнета невеста.
За потсетување, Лоба и Ѓорѓи претходно беа во деветгодишна врска, а долго време живееја заедно. Нивниот брак, а и веселбата се одложуваа поради корона пандемијата. Предизвиците се издржаа, а тие пливаат на љубовни бранови до бесконечност.
фото:Инстаграм принтскрин/Викторија Лоба