Радио Милева
веридба или реклама?

Викторија Лоба се мажи: Вистина.ком.мк e како „Баба Ванѓа“ или уште едно „апри-ли-ли-ли“ на пејачката? (ФОТО)

Викторија Лоба се мажи: Вистина.ком.мк e како „Баба Ванѓа“ или уште едно „апри-ли-ли-ли“ на пејачката? (ФОТО)

Викторија Лоба ќе се мажи… Пејачката со свршенички прстен на раката… Лоба го покажа вереничкиот прстен…

Ова се само некои од насловите кои осамнаа на македонските портали и информација која осамна во македонските естрадни ТВ магазини.

И додека се чека самата Лоба тоа да го потврди, ние само сакаме да ве потсетиме дека она што другите дури сега го откриваат, ние го откривме во Америка… не, не ја откривме Америка, туку го откривме и напишавме пред точно еден месец, уште додека Викторија Лоба со своето момче беше во Америка.

Викторија Лоба со свршенички прстен на рака: „Ти кажувам ќерко, сети се зете“! – беше насловот во кој ја предвидовме свршувачката… или маркетинг интригата, на пејачката сеедно! Арно ама, ајде да видиме дали зошто Вистина.ком.мк беше како „Баба Ванѓа“ или Лоба си игра(ше) „априлилили“!?

Не дека македонската пејачка со руска крв во вените не сака да са мажи и не е подготвена за брак, напротив! Таа веќе подолго време живее заедно со своето момче, со кое и беа на заедничото патешествие во САД. Што значи дека и добро се познаваат, уште подобро функционираат, а (пред)брачните обврски ги имаат во „малиот прст“ и им се добро познати! Така што само едниот треба да праша, а другиот да се согласи кажувајќи го судбоносното ДА!

О друга страна, во исто време по цело Скопје осамнаа билборди, а по некои медиуми реклами на кои „руската душа“ е фотографирана како невеста, која го покажува вереничкиот прстен или свадбената бурма на раката. Во рекламни цели секако, зашто токму нејзе една позната јувелир фирма ја одбрала за заштитно лице во нејзината кампања за накит и скапоцени камења.

И сега ти види дали е во прашање само добра реклама, „штик проба“  или навистина ќе ја мажиме Лоба? Или конечно рекламата добро и дојде на пејачката, па и легна како „кец на десетка“ за да му прати порака на оној на кој треба да му текне да ја побара по теркот на онаа нашата народна поговорка, за што како што споменавме, веќе пишувавме:  „Ти кажувам ќерко, сети се снао“… или поточно, сети се зете!

Дали прстенот е навистина веренички или само спонзорски, се сети ли зетот дека Лоба го нема сето време на светот, туку е време на пејачката да и ја „скрати маката“, па да и ја побара раката… Чекаме да каже несвестата!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева