Мегафон

Викторија Лоба промовира деби албум: „Нов свет“ на два јазика

Викторија Лоба промовира деби албум: „Нов свет“ на два јазика

На 17 декември со почеток од 19.00 часот во ресторанот „Фор“ (Four) во Скопје, Викторија Лоба ќе го промовира долгоочекуваниот прв студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – на македонски и на англиски јазик (New World). Музички продуценти на материјалот се Марга Сол и Роберт Билбилов, а сето тоа се снимаше во студијата „М-Сол рекордс“, „Џаст РБ студио“ и „Јованови“.

Изданието беше најавено со темите „Опиум“, „Херој“ и „Дојди“, ремиксот на „9 работи“, како и соработките со Билбилов и со Тајзи – „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“, додека англиската верзија ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар.

Албумите ќе бидат достапни ширум целиот свет преку сите дигитални и стриминг-сервиси. На онлајн-продавницата на македонската издавачка куќа „М-Сол рекордс“ (www.m-solrecords.com)албумите ќе можат да се купуваат дигитално и на механичко цеде, со достава низ Македонија.

To top