Радио Милева
точни одговори

Викторија Лоба направи игра со прашања и докажа дека фановите одлично ја познаваат: Бистра како вода! (ФОТО)

Викторија Лоба направи игра со прашања и докажа дека фановите одлично ја познаваат: Бистра како вода!  (ФОТО)

Убавата македонска  пејачка со руско потекло постојано споделува некои новитети, што од своите настапи, што од соработките со одредени брендови како инфлуенсер. Викторија Лоба публиката се почесто може непосредно да ја гледа и да се забавува и се подобро да ја запознава.

Таа е позната по нејзината природна убавина но, и  со нејзиниот стил на облекување, а знае и секое парче облека добро да го носи.

Но, овој пат таа на социјалната мрежа  „Инстаграм“  креираше игра со шрашања „ Јас кога би била“ со која докажа и покажа дека нејзините фанови веќе доволно добро ја познаваат.

Таа подоцна вети дека ќе направи и „reel“ од нивните одговори, кои беа беспрекорно точни.

Играта беше сликовита со поставените прашања и дадените одговори, а Лоба напиша: „Ветив дека ќе направам reel од вашите одговори, а еве како одговоривте вие…“

– Јас, кога би била:

Боја – бела:

Цвеќе- Орхидеја:

Пијалок – Џин Тоник Пинк:

Град – Москва:

Овошје – Јагода:

Пејачката остана зачудена но и среќна дека нејзините одговори се поклопуваат со оние на верните следбеници. Сѐ баш се’, освен едно. Пијалокот.

Сите имале впечаток дека омилен пијалок и е џин – тоник но, одговорот  е…  само обична вода.

„Неверојатно е дека моите одговори се поклопуваат со вашите во точност се освен пијалокот. Јас повеќе се асоцирам со вода.
Очигледно е дека одлично ме познавате“ – напиша таа и од срце им се заблагодари, а вети дека штом им се допаѓа играта, ќе има и следна.

Инаку, Лоба оваа зима го одбра Копаоник и уживаше заедно со сопругот. Таа испрати поздрав од ски – патеките ,но и покажа како уживаат во ресторан покрај каминот во магичнатa глетка низ прозорецот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Викторија Лоба

Останати вести од Радио Милева