Ако изминатото лето имавме прилика да ги видиме македонските познати личности во бикини и како уживаат на плажа на домашен терен, зимава повеќето ја поминуваат во своите домови.
Додуша некои од нив уживаат и во ниските температури и снежните идили во познати скијачки центри.
Некои заминаа во Маврово, други на Попова Шапка, а ги имаше и оние како Ристе Ристески и Викторија Лоба кои уживаат на прекрасниот Копаоник.
Македонската пејачка со руско потекло периодов ужива во бајковитата идила на Копаоник, а отаму ги почести фановите со неколку фотографии.
Имено, пејачката сподели и неколку пејсажни објави кои се рај за очи….
Потоа се качи на скии и правец да ужива во зимските авантури.
Таа ги почеси нејзините следбеници со неколку фотографии и покажа како ужива и се релаксира и покрај ладното време, а многумина би посакале да се најдат на нејзино место.
View this post on Instagram