Радио Милева Тајната на Викторија

Викторија Лоба е нежна грација и по најновата трансформација: Пејачката ја скрати долгата руса коса, па се соблече… за на плажа (ФОТО)

Викторија Лоба е нежна грација и по најновата трансформација: Пејачката ја скрати долгата руса коса, па се соблече… за на плажа (ФОТО)

Викторија Лоба покрај својот глас, снежно белиот руски физикус, сините очи и постојаната насмевка, како свој заштитен знак ја имаше долгата руса коса. Знак на распознавање, кој речиси никогаш не го менуваше. Но, по се’ изгледа само до сега, зашто пејачката од денес има нов имиџ!

Убавицата на која од почетокот на кариерата долгата руса коса и е трејд марк или заштитен знак, после долги години реши да ја скрати.

Новите фотографии со новата фризура со кои нежната руска душа се пофали осамнаа на социјалите мрежи, каде Лоба собра низа позитивни реакции и коментари и сите и сите и порачаа едно: Дека и вака изгледа одлично.

Пејачката покрај вокалните квалитети, својата популарност  ја користи и за инфлуенсерство, па така деновиве  Лоба направи и фотосесија за нов бренд за костими за капење иако, како што самата обзнани: „Со оглед на тоа што островите ова лето ќе ни бидат само во глава“… А, можеби и нема!

Сепак, уште по првата објавена фотографија на која позира во црно бикини, наиде на позитивен фидбек. Нејзините фанови и следбеници собено ја пофалија нејзината линија, зашто додека траеше карантинот некои само седеа и јадеа, па драстично се здебелија,  додека Лоба, мораме да признаеме, дека својата става ја довела до совршенство.

Или поинаку речено, Викторија Лоба е нежна и витка грација и по најновата трансформација, по што се наметнува прашањето:

„Која е тајната на Викторија?“

Ние ја знаеме, но да не се правиме важни… Одговорот – наскоро, во првата следна прилика, кога костимот за капење, сефте ќе може и да се навлажни!

To top