Викторија Јаначковиќ заврши во болница. Од болничката соба се јави со фотографија и порака до сите оние што веднаш помислија дека некогашната мисица, сегашен топ модел на болнички третман е од естстки побуди. Поточно, дека заминала да вгради силиконски импланти во градите. Но, Викоторија и понатаму држи до себе и својот природен изглед, па по се изгледа дека вистината причина е сепак малку поинаква…
Јавноста ја запозна како некогашна мисица, манекенка, топ модел… По вокација лекар, поточно дипломиран стоматолог, кој влета во политиката каде беше шефица на кабинетот на заменик министерот за култура во владата на Никола Груевски.
По доаѓањето на СДСМ на власт, Викторија барем привидно ја напушти политиката и и се врати на првата љубов – манекенството, фотомоделството, модата… Меѓудругото и како заштитно лице на моднатта куќа „Елена Лука“, чии модели ги носи, презентира и промовира.
Во меѓувреме не го запоставила ниту она зашто студирала и има диплома – стоматологијата, па со својот брат Милош кој е исто така стоматолог – специјалист се дел од една од најсовремените стоматолошки ординации.
Зошто и како убавата забарка заврши во најпознатата скопска приватна клиника нема да откриваме, зашто не е ниту етички, ниту законски. Впрочем здравјето и здравствената состојба, како и историјата на болестите се со закон загарантирани за дискреција помеѓу пациентите и нивните лекари.
Она што го откри Викторија е сосема доволно. Како и пораката што ја испрати до сите кои се понадеваа дека Викторија наскоро ќе ја доживуваат како Станија, на пример!
За да нема забуни, убавицата се погрижи самата, па уште од болничката постела на „душегрижниците“ им порача:
„Само да ве поздравам и посакам добро здравје и да ви кажам дека и оваа година нема да ставам цицки како и сите 40 години наназад“ – напишала во пораката, па им го покажала „средниот прст“ од раката!
Се разбира не на сите, туку само на поединци, а на сите останати им се заблагодари за грижата во посебна порака:
„Благодарам на сите кои ги стресов и загрижив. медицинските лица се најлоши пацијенти. Јас сум една од нив. ОК сум. сакав малку да се пошегувам на своја сметка, но ве загрижив. Ви благодарам до небото за позитивната енергија. Да сме живи“ – порачала Јаначковиќ, која по прашањето на естетските зафати, пластичната хирургија и „вештачката убавина“ оддамна има свој став и мислење, што го во неколку наврати практично го покажала со своето натурално разголување… И на телото и на душата!
„Редно е да ви проработат мечтите низ суптилна уметност. Без оноа на што се палите секојдневно. Фејк филтери и ботокси, силиконски га*ови, уста 5 минути пред неа и празен поглед. Оправете се!“
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/viktorija.janackovic