Радио Милева „брачен“ термин?

Викторија Јаначковиќ покажа необичен свршенички прстен: Бракот за неа, или бракот со неа е… „руски рулет“? (ФОТО)

Викторија Јаначковиќ покажа необичен свршенички прстен: Бракот за неа, или бракот со неа е… „руски рулет“? (ФОТО)

Некогашната мисица, екс шефица на кабинет на во Министерството за култура на РМ, дипломиран стоматолог  и топ модел, убавата Викторија Јаначковиќ, одново актуелна.

 

Видно ослабена, стегната, згодна и сексапилна како и тогаш кога за прв пат се појави, таа неодамна ги преплави интернет порталите и социјалните мрежи со едиторијал фотографии од новата колекција на модната куќа Елена Лука.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/d-r-viktorija-janachkovikj-odnovo-pokaza-shto-e-toa-suptilna-golotija-toples-zabarka-foto/

 

Подразголена, во различни модни варијанти во стилот: „се’  се гледа, а ништо не може да се види“, атрактивната Србинка со скопска адреса на живеење, уште еднаш ги измами воздишките на сите оние, што нејзината природна убавина ги остава со подзината уста.

Но, она што особено ја заскокотка јавноста е најновата фотографија од нејзините приказни на Инстаграм, каде згодната забарка покажа како изгледа нејзиниот необичен свршенички прстен.

До душа, институцијата „брак“ не дека и е непозната равенка, зашто Викторија Јаначковиќ по кусиот брачен излет во 2016  година, по само 12 месеци брачна заедница со Никола Тасески и стави крај на таа приказна, па денес е среќно разведена жена,  „без семеен багаж“!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/viktorija-janachkovikj-ja-napushti-rabotata-se-razvede-i-i-se-vrati-na-starata-ljubov-foto/

Дали со најновата фотографија згодната докторка повторно сака да наговести нешто „меѓу редови“ што наликува на „мој брачен термин“ или тоа е само слатка шега меѓу неа и нејзините пријателки, само Викторија знае?!

Како што јавноста би сакала да дознае, дали необичниот свршенички прстен  значи дека бракот за неа, или бракот со неа е… „руски рулет“?

Ако е она второто, еден куршум кај неа е веќе е испукан… Од него падна првата „брачна жртва“ на забарката!

 

To top