Викторија и Дејвид Бекам заедно со своите деца се наоѓаат во самоизолација во својот дом во Англија.
Последните неколку недели, членовите на ова семејство, Ромео, Круз и Харпер документираа како го поминуваат времето во карантин поради коронавирусот.
Тие на социјалните мрежи објавија фотографија на која експериментираат во кујната, се играат во дворот, а Дејвид дури ја избричи главата во текот на претходната недела, а се тоа го забележа со камера.
Бидејќи времто во Велика Британија е топло, Бекамови ќе може да го искористат големиот двор пред вилата каде што имаат базен, сауна..
Што се однесува на дневната соба, внатре има дрвени греди кои одат преку таванот, темни теписи на коцки, многу свеќи и огромен камин кој дава ефект на релаксирачки амбиент.
Во другата одлично стилски опремена просторија се наоѓа и домашното кино, со седишта кои се навалуваат, со држачи за пуканки и пригушено светло.
Како и голем број на семејства ширум светот, Викторија и Дејвид ја преземаа одговрноста да ги едуцираат децата од својот дом.