Мегафон

Виктор Орбан: „Унгарија може да биде локален исклучок во време на глобална рецесија“

Виктор Орбан: „Унгарија може да биде локален исклучок во време на глобална рецесија“

Ако се држиме настрана од војната, родовото лудило, миграцијата, глобалниот минимален данок и економската рецесија, Унгарија ќе може да го одржи својот успех, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на најголемиот политички камп во Европа.

Во своето обраќање Орбан истакна дека живееме во деценија на опасности, неизвесности и војна, а способноста да се види иднината е ограничена. Предупреди дека Европа е во двојно тешко ситуација бидејќи, како што рече, Западот ја губи битката за природните богатства и суровини.

Унгарија, како што рече се соочува со три големи предизвици.

-Демографијата, миграцијата и родовата политила. Нашата иднина зависи од овие прашања, посочи Орбан.
За да се надминат, тој го наведе унгарското семејно општетство и фактот дека мигрантите сфатиле дека рутата низ Унгарија не е пат за влез во Европа. Дополнително, посочи, Унгарија успеала родовото прашање да го отфрли како услов за европските фондови.

-Постои војна, криза на истокот и воена инфлација. Мирот е единственото решение за спасување на животи, единствениот лек за воената инфлација и единствен противотров за економска криза. Го задржуваме ставот дека ова не е наша војна, подвлече Орбан во своето обраќање во делот за војната во Украина нагласувајќи дека е важно да нема жртви.

-Унгарија е членка на НАТО, а Алијансата е многу посилна од Русија. Според ова, Русија никогаш нема да го нападне НАТО. Украинскиот аргумент дека Русија нема да запре само на Украина е разбирлив, но е слаба пропагандна изјава која има за цел да вовлече што поголем број држави на страната на Украина.

За полско-унгарската соработка, а во однос на војната во Украина, Орбан истакна дека нивните стратешки цели се во склад, но постои разлика, како што рече „во срцето“. Односно, Унгарија гледа како на војна меѓу две словенски земји и стои настрана, додека Полска гледа како на своја војна.

Во обраќањето, унгарскиот премиер потенцира дека е потребна нова стратегија која нема да се фокусира на победа во војната, туку на понуди за мир, додавајќи дека Западот има задача да застане меѓу Русија и Украина.

-Нема да има мир додека не се воспостави руски-американска врска за мировни преговори, вели Орбан кој смета дека Европа не треба да се тежнее кон улогата во светската политика додека не е во состојба да ги реши надворешнополитичките прашање во „својот двор“.

Дел од големите предизивици се и енергетиката и економијата.

-Денешната ситуација е дека Русија продава помалку енергија, но има многу повеќе приходи, додека ЕУ губи бидејќи нејзиниот енергетски дефицит е тројно поголем. Во Унгарија намалувањето цената на комуналните услуги добро функционираше десет години, но војната го промени тоа, а сега е задача на некој начин да се заштити намалување на сметките за комуналните услуги. Мора да се повлечеме од гасот бидејќи струјата е помал товар за Унгарија, а со тоа ќе се намали и товарот врз унгарскиот народ, вели Орбан.

Во однос на економијата тој истакна дека цела Европа е соочена со рецесија, но и покрај тоа, според неодамна усвоениот буџет на Унгарија за 2023 година, нивната економија ќе продолжи да расте и во наредните години, додека во најголем дел од ЕУ ќе дојде до пад.

-Ако останеме настрана од војната, миграцијата, родовото лудило, глобалниот минимален данок и економската рецесија, Унгарија ќе го задржи својот успех. Добра вест е што меѓу 2010 и 2020 година Унгарија од секоја криза излезе посилна од она што била кога влегувала во криза, вели Орбан.

Смета дека Унгарија треба да биде во можност да создава нови договори со ЕУ, Русија, САД и Кина, а за нејзин раст и напредок секако во согласност со националните интереси.

-Унгарија може да биде локален исклучок од глобалната рецесија. За ова да се постигне може да помогнат факторите кои се активни како на пример одбраната на сопствените граници, семејното општество и фактот дека сме процес на голем воен развој, објасни унгарскиот премиер.

Ја нагласи важноста од политичката стабилност која Унгарија ја ужива поради четвртиот последователен двотретински мандат на владата, како и интелектуалните основи на земјата.

To top