Радио Милева за неа нема криза

Вики Миљковиќ знае каде да инвестира: Пејачката има станови во елитна населба во вредност од 1 500 000 евра (видео)

Вики Миљковиќ знае каде да инвестира: Пејачката има станови во елитна населба во вредност од 1 500 000 евра (видео)

Пејачката Вики Миљковиќ пред некоја година започна нов бизнис. Имено, заедно со нејзиниот сопруг, пејачката инвестираше во фирма која се занимава со продавање и уредување на станови во елитна населба во Белград.

Во специјалното издание на емисијата „Папарацо лов“, гледачите можеа да видат како изгледаат домовите на познатите, меѓу кои се наоѓаат и луксузните станови на пејачката Вики Миљковиќ кои чинат огромно богатство.

Откако ја продаде својата вила на Бежаниска коса, пејачката се всели во стан во елитната населба „Белград на вода“.

Покрај тоа, Вики купила и два станови кои ги издава. Во едниот стан има џакузи на терасата.

Оние кои биле во станот тврдат дека се луксузно уредени и се проценува дека инвестицијата изнесува 1 500 000 евра.

фото: Инстаграм/вики миљковиќ/јутуб/папарацо лов

To top