Радио Милева

Вики Миљковиќ за еден детаљ во новиот дом ќе плати 10 000 евра

Вики Миљковиќ за еден детаљ во новиот дом ќе плати 10 000 евра

Пејачката Вики Миљковиќ неодамна купи три стана во „Белград на вода“ , а еден од нив планира да  го уреди по сопствена желба, па дури пејачката е подготвена за еден предмет да плати 10 000 евра.

Како што пишуваат српските медиуми, Вики во својот стан сака да вгради камин за кој ќе плати 10 000 евра.

„Вики и Ташке одлучија во дневната соба да стават камин. Веќе избраа модел од швајцарски произведувач, а каминот ќе биде вграден во ѕид. Мајсторите треба да започнат да работат следната недела, а Вики одлучи да не штеди кога е во прашање уредување на домот“ тврди извор близок на пејачката.

За потсетување, Вики овие денови живее во хотел бидејќи како што вели се иселила од куќата, а станот се уште не е подготвен за вселување.

To top