Пејачката Виолета Вики Миљковиќ со години важи за една од најбараните изведувачи на народна музика. Родена во Нишље, својата музичка кариера ја започнала во 1990-тите, а за тоа време испеала бројни хитови на народната музика, без кои не може да помине ниту една прослава.
Таа вчера имаше посебна причина за славење. Имено, Вики Миљковиќ го прослави својот 48 роденден, а со следбениците на Инстаграм сподели фотографии од подароците кои ги добила.
Пејачката која од 2007 година ужива во хармоничен брак со Драган Ташковиќ Ташкет, со кој го има синот Андреј, откри малку од атмосферата од нејзиниот дом.
Секако, го следеле финалето на Светското првенство, па пејачката сподели фотографија од нејзиниот син и победникот на натпреварот на „Ѕвездате на Гранд“, Нермин Ханџиќ, која во меѓувреме им станаголем пријател.
Токму од нејзиниот поранешен ученик, сега одличен пријател, таа доби буквално сладок подарок во вид на корпа со разни производи.
А роденденот не пропушти да и го честита и кумата, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Роденденот на Вика и го честитаа и многу други колеги, а во оваа прилика, секако пејачката секако добила и многу убави подароци. Сепак, сосема очекувано, а и Вики Миљковиќ била најзадоволна од тортата, која биле сè само не обична.
Тркалезната торта со нејзините иницијали во црвена, црна и бела боја со украси кои личат на бисери не претставуваше ништо необично на прв поглед. Сепак, она што на тортата и даде посебна доза на екстраваганција е огромната висока потпетица на средината од тортата.
Фото:Принтскрин/Инстаграм