Радио Милева Браво за комшиите....

Вики Миљковиќ ги шокираше Србите: Пејачката од жирито на „Гранд“ во чест на победата на фудбалерите, пееше со хрватско знаме в рака (ФОТО)

Вики Миљковиќ ги шокираше Србите: Пејачката од жирито на „Гранд“ во чест на победата на фудбалерите, пееше со хрватско знаме в рака (ФОТО)

На еден сво настап во Хрватска, Виолета Вики Миљковиќ пеела со префрлена марама на која било отпечатено хрватското знаме – популарно наречената шаховница, што изненади многумина кои ја сакаат нејзината музика во Србија.

Очигледно  понесена од атмосферата во клубот,  додека ја изведувала својата песна „Мариш ли“, од еден обожавател од публиката ја зела марама и ја завртела, па му ја вратила. Додека хрватската фудбалска репрезентација во петокот ја победи селекцијата на Бразил на Светското првенство во Катар и пејачката веројатно ја зафатила еуфоријата, па овој потег го направила додека ги забавувала фановите во една хрватска дискотека.

„Браво за соседите!“ – рекла Вики, што предизвикало еуфорија кај публиката во клубот. Иако многумина се изненадени од ваквиот потег на Виолета, тоа не ја спречило да нарави          добра атмосфера во клубот и со својата публика од Хрватска да ја прослави победата на Хрватите над Бразил, гест кој на некои им се допадна, а други сметаа дека не е добро осмислен потег и дека по ова пејачката повеќе нема да биде толку добро прифатена од српската јавност.

Фото: ТикТок принтскрин

To top