Мегафон фестивали

Викендов 20. издание на „Поточиња“ во три различни термини

Викендов 20. издание на „Поточиња“ во три различни термини

Претстојниот викенд, Македонската филхармонија ќе биде главно место за детски џагор, полн со радост и смеа, бидејќи ќе се одржи 20. роденденско издание на детскиот фестивал „Поточиња“, информираа организаторите.

– Билети сè уште има во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн на mktickets.mk/event/potocinja13/ и www.karti.com.mk/potocinja-2023.nspx. Јубилејното роденденско издание на „Поточиња“ ќе се одржи во три различни термини. Во сабота на 13 мај и во недела – 14 мај, со почеток во 11, 13 и 19 часот. Овој викенд ќе биде посветен на дечињата, кои заедно ќе пеат, играат и празнуваат, додека новите хитови на „Поточиња“ ќе ги забавуваат. Дваесет години „Поточиња“ – 20 години песна, радост, смеа, се наведува во соопштението.

To top