„Ноќта на вештерките“ денес се вбројува меѓу најпопуларните и најкомерцијализираните пагански празници од глобални размери, а иако црквата ваквиот обичај го карактеризира како пагански, младите ширум светот одлично се забавуваат.
Овој глобален тренд на маскирање од година во година станува се поактуелен и кај нас.
Дел од познатите Македонци решија да се забавуваат за овој ден, па без оглед на возраста ја активираа својата фантазија и имагинација, преобразувајќи се во разни страшни ликови и суштества.
Меѓу нив беше и пејачот Даниел Кајмакоски кој од Белград, градот каде неколку години живее, прати еден страшен поздрав за „Ноќта на вештерките“.
Уште откако се претстави и победи во шоуто „Твоето лице звучи познато“, познато е дека Даниел е одличен имитатор и е доста вешт и во глума. Па така, неговата маска овој пат ги извади од памет следбениците на Инстаграм.
Инаку, Кајмакоски периодов е актиелен во медиумите поради неговата приватност, односно новата девојка за која како што вели е се’ она што барал некогаш.
фото:Инстаграм приктскрин/даниел кајмакоски