Помина уште една урнебесна емисја од реалното шоу со хуманитарен карактер „Твоето лице звучи познато“.
Младата актерка Драгана Мичаловиќ на крај беше прогласена за победничка со нејзината имитација на пејачот Луис и песната „Не куни ме, не ружи ме, мејко“, која таа ја посвети на својата мајка.
Инаку, како и секое издание така и ова, Тијана Дапчевиќ повторно имаше маестрална изведба и маска, но овој пат дури ниту жирито не ја препозна.
Тијана настапи на сцената заедно со Бане и Беби Дол која ја имаше улогата на Стивен Тајлер и песната „Walk this way“, а пак Тијана беше во улога на музичкиот ривал DMC.
Дали вие би ја препознале ваква?
https://www.youtube.com/watch?v=Hp9Az6JggvI