Гостин во најновото издание на ТВ емисијата „Улица Македонија“ кај Бојана Скендеровски беше единствениот и неповторлив- Влатко Стфенановски.
Човекот кој е синоним за Македонија каде и да патувате низ светот, со кариера која што трае повеќе од 40 години.
Тој е како лектира која мора да ја имате прочитано ако сакате да ја познавате музиката… Тој е нашето национално богатство, а на „Улица Македонија“ ја истури својата скромност, приземјеност и мудрост на која го научила животот.
Имено, како и во секое од претходните изданија на „Улица Македонија“ од новата сезона, гостите во студио имаат една несекојдневна прилика, покрај разговорот со Бојана, да слушнат и еден омаж за себе, спакуван во неколку минути, а наречен „Поглед низ прозорец“.
Даниел Кајмакоски не можеше да ги задржи солзите, а да не заплаче, а пак Влатко Стефановски беше трогнат.
Како реагираше кога го слушаше ова за себе, можете на погледнете на 35 минтути и 36 секунди, но топло ви препорачуваме да го погледнете целото видео од емисијата кое го гледате во продолжение: