Радио Милева

(ВИДЕО) Остри критики за Дејвид Бекам по она што го правеше во црквата на кралската венчавка

(ВИДЕО) Остри критики за Дејвид Бекам по она што го правеше во црквата на кралската венчавка

Дејвид и Викторија Бекам имаа привилегија да бидат едни од гостите на кралската венчавка меѓу принцот Хари и Маган Маркл во саботата во Виндсор.

И додека сите ги пофалија за нивната модна комбинација за оваа свечена кралска пригода, на неговите фанови не им се допадна тоа што тој го правеше во црквата, а камерите го снимија.

Имено, поранешниот фудбалер прилично се опушти и цело време џвакаше гума за џвакање како да животот му зависи од тоа.

Ниту корисниците на социјалните мрежи нималку не го штедеа.

Можеби звучи и изгледа сосема нормално некој да го прави ова, но кога е кралска церемонија во прашање, а ти си почестен и познат гостин, џвакањето очигледно на сите им „падна во очи“ како непристојно.

To top