До Евровизија останаа два месеци. Во Португалија ќе се претстават повеќе од 40 земји кои ќе се обидат да се изборат за најдобар пласман и да ја стекнат титулата победник.
Иако има доста квалитетни песни, светот како да полуде за Израелката Нета. Оваа млада дама има 25 години и во својата земја стана позната по едно музичко шоу.
Нејзиниот талент го надополнува и специфичниот изглед. Една е од оние што не ги следат трендовите, па и вишокот килограми за неа се во корист.
Нета ја претстави својата песна со која ќе настапи на евровизија, а за еден ден собра околу два милиони прегледи.
Нејзините вокални способности се спој на бит бокс и специфично „кокодакање“ ако се суди според песната „Toy“ со која ќе настапи. Слушнете како звучи Нета: