Радио Милева

(ВИДЕО) Кој не би посакал вакво доживување: Она што и се случи на Ружица Антиќ во Банско не се купува ниту со пари!

(ВИДЕО) Кој не би посакал вакво доживување: Она што и се случи на Ружица Антиќ во Банско не се купува ниту со пари!

Познатиот македонски кошаркар Перо Антиќ заедно со сопругата и синчињата, овој месец јануари го користат за одмор и зимска рекреација на познатиот ски-центар Банско во Бугарија.

Таму се сместени во еден од полуксузните хотелски комплекси, кој се наоѓа длабоко во Пирин планина. Како и многуте, така и тие се активни корисници на социјалните мрежи, а пак Ружица како поактивен член, редовно објавува интересни фотографии и видеа од тамошниот престој.

Па така, освен што го покажа преубавиот апартман каде престојуваат, Ружица на својот профил објави и едно несекојдневно видео, од кое ќе посакате и вие да сте на нејзино место.

Имено, на стаклената врата од нивниот апартман им дојде една љубопитна гостинка, која сопругата на Перо успеа да ја сними без да ја преплаши.

Станува збор за преслатка дива лисица која сакаше да ѕирне и да се замеша со луѓето.

A post shared by Ruzica Antic (@ruzicaantic) on

Веруваме се сложувате дека вакво доживување не се купува ниту со пари!

To top