Пејачката Вики Миљковиќ е во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а уште од почетокор е во затегнати односи со колешката Јелена Карлеуша.
Деновиве почна снимањето на вториот круг од натпреварот, а жирито се собра во студиото и повторно почна да им суди на кандидатите.
Вики наместо да го слуша кандидатот, таа реши да ја шпионира Карлеуша, односно да ја снима со својот телефон и снимката да ја објави на социјалните мрежи.
Фановите ја прашаа што прави нејзината колешка, а таа им откри дека нејзината „омилена“ колешка се занимава со нешто друго додека некој од кандидатите се труди да ги фасцинира, но не размисли дека токму таа е онаа што го прави тоа.