Турските актери Бариш Ардуч и Ханде Догандемир или попознати како Омер и Ѓокче, моментално се најпопуларните турски актери кои периодов ги гледаме на телевизија Сител. Тој во „Изнајмена љубов“, а таа во „Љубовта на мојот живот“.
Иако денес ги гледаме во различни серии, во 2015 година кога не беа толку многу популарни, Бариш и Ханде глумеа заедно во семејната драмата „Racon Ailem İçin“.
Бариш изгледа помладо, додека Ханде е речиси истата, само со пократка коса.
Инаку, освен колеги, славните актери се и добри пријатели, па и кога не се на снимање знаат да поминат време заедно.