Кога во себе имаш амбиција и мотив за подобри дострели во животот и работата, тогаш без задршка го правиш тоа со љубов и целосна посветеност до посакуванато.
Токму со таков дух, идеја, замисла и реализација, функционира пејачката и водителка Бојана Скендеровски во нејзиното ТВ шоу насловено „Улица Македонија“ и матичната „Скендеровски продукција“.
Со стартот на новата сезона, Бојана предку своите интересни гости, длабоки разговори, весели, но и многу емотивни моменти со доста препознатливи и популарни лица, како од кај нас така и од соседството, „Улица Македонија“, полека но сигурно се искачи на врвот од понудените домашни телевизиски емисии.
Снимањата неуморно течат, а вчеравечер на гости во Скопје и на „Улица Македонија“, да се изнамуабети и запее, дојде популарниот српски пејач Драган Којиќ – Кеба.
Убавата атмосфера од снимањето, домаќинката ја објави преку неколку видео снимки, а на едната од нив Кеба пее на македонски, односно ја изведе „Не кани ме“ на Миле Кузмановски во акустична верзија.
Еве како беше:
Инаку, оваа сабота не го пропуштајте гостувањето на младите и енергични близнаци од дуото „Некст Тајм“, Мартин и Стефан.