Емисиите во живо се секогаш непредвидливи, а во една таква ситуација се најде и водителката Јована Јоксимовиќ.
Имено, убавата водителка со својот колега се присети на прочуениот виц за Босанецот кој отишол да живее во Канада.
Јована оваа смешна ситуација толку ја насмеа што во еден момент почна да плаче од смеа. Водителката неколку минути не можеше да престане да се смее, а солзите и се лизгаа по лицето.
Поради тоа на кратко мораше да го напушти студиото за да ја поправи шминката.
-Ништо, се гледаме малку подоцна, додаде таа и замина кон шминкерницата.