Во новата сезона на веќе препознатливиот телевизиски бренд кај домаќинката на старата адреса „Улица Македонија“ – Бојана Скендеровски, на гости беше и популарниот поп –пејач Даниел Кајмакоски.
Во новата сезона, гладачите покрај новата сценографија во емисијата, може да погледнат и неколку нови рубрики, а токму на едната од нив насловена „Поглед низ прозорец“, гостинот Даниел Кајмакоски го преплавија емоциите, па не можеше да ги задржи солзите и заплака.
Иако падна по некоја солза, позитивната енергија воопшто не недостасуваше во понатамошниот дел на разговорот, а пак Даниел имаше многу што да раскаже, како од приватноста, така и од музичката кариера.
Доколку го пропуштивте ова издание кое од неделава се емиува на ТВ 24 во 14ч и 35 минути, во продолжение можете да го погледнете целосното видео кое веќе се наоѓа и на интернет каналот Јутјуб.