Радио Милева

(ВИДЕО) Ѓоко Танески се „чувствуваше како риба“, а погледнете како годинава „Ај Кју“ се снаоѓаат со англискиот на Евровизија

(ВИДЕО) Ѓоко Танески се „чувствуваше како риба“, а погледнете како годинава „Ај Кју“ се снаоѓаат со англискиот на Евровизија

Поп-групата „Ај Кју“ (Eye Cue) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во месец мај во Лисабон.

Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), за која музика и текст напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.

Како и секоја година, таа и оваа, веќе започна евровизискиот караван од кој земјите учеснички патуваат низ европските земји. Целта е да ја претстават песната со која ќе настапат, но и себе си како музички уметници.

Бојан и Марија веќе се на пат, а деновиве беа во Израел каде имаа многу што да видат, да се запознаат и дружат со останатите учесници, да ја почувствуваат предевровизиската еуфорија, но и да се претстават преку медиумите пред тамошната публика.

Секако, мораа да зборуваат на англиски јазик, а според видеото кое се емитуваше на забавно-музичката емисија „Стисни плеј“ на МТВ, очигледно нашите годинешни претставници одлично се снаоѓаат.

Бојан е оној што има повеќе искуство, па тој повеќе им одговара на новинарите, но и Марија засега се покажува супер со говорењето на англиски и го дополнува својот колега.

Еве како си поминаа во Изреал и како се снајдоа пред камерите:

To top