Џенифер Лопез е пресреќна што нејзината љубов со Бен Афлек доби втора шанса.
52-годишната пејачка и актерка го раскажа моментот кога 49-годишниот актер ја побара за жена. Возбудената ѕвезда сподели дека запросувањето се случило во бањата додека таа била во кадата.
„Беше сосема неочекувано. Мојата љубов влезе, клекна на колено и ми кажа некои работи кои никогаш нема да ги заборавам. Тогаш извади прстен и ми рече: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’. И тоа беше најсовршениот момент“ – вели Лопез во видеото. Потоа го покажува прстенот украсен со голем зелен дијамант и открива дека тоа ѝ е омилената боја која ѝ носи среќа.
Лопез неодамна го основа сајтот OnTheJLo, каде ги споделува поинтимните моменти од нејзиниот живот со обожавателите.
„Дали некогаш сте си замислувале дека ќе ви се оствари најголемиот сон? Во саботата вечерта, додека бев на моето омилено место на планетата (во кадата), мојата прекрасна љубов клекна на колено и ме запроси. Не го очекував тоа и само гледав во неговите очи и се смеев и плачев, истовремено обидувајќи се да го прифатам фактот дека по 20 години ова се случува повторно. Ме остави буквално без зборови и ми рече: ‘Дали е тоа ДА?’ Јас реков ‘ДА, се разбира дека е ДА’“ – пишува Џеј Ло во пораката на сајтот.
„Се смеев многу и солзи ми течеа по лицето, се чувствував пресреќно и исполнето. Не беше ништо фенси, но беше најромантичното нешто кое некогаш можев да си го замислам. Една обична саботна вечер дома, две личности си ветуваат дека секогаш ќе бидат тука еден за друг. Две многу среќни личности, кои добија втора шанса за вистинска љубов“ – додала Лопез.