Настап пред 26.000 луѓе ја присилија музичката ѕвезда Тејлор Свифт да даде сè од себе. Буквално препотена таа непосредно после настапот се согласила да разговара со Би Би Си, а новинарот ѝ укажа дека треба да се истушира.
Тејлор после цели две години одлучи да даде изјава, а новинарот Грег Џејмс ѝ рекол дека таа под итно треба да оди под туш.
“Мислам дека треба да се истушираш, веднаш”, ѝ рекол низ смеа новинарот, а пејачката воопшто не се навредила. Но, затоа тука е Твитер заедницата која веднаш “удри” по новинарот.
#TaylorSwift has her first recorded interview after years of not doing them and she’s told that she needs a shower… ? #BiggestWeekend pic.twitter.com/7d3AQrvfWI
— Taylor Swift News (@Swift_Alert) May 27, 2018
“Не можам да верувам дека некој се осуди да ѝ каже на таква ѕвезда да се истушира и тоа на првото интервју после две години”, беше еден од коментарите.