Информацијата дека наследничката на Цеца Ражнатовиќ ја снима својата прва песна го обиколи Балканот. Анастасија конечно реши да биде дел од естрадното небо и да остави свој музички печат.
Песната насловена „Совршен пар“само што не е готова, а за оние нетрпеливите Анастасија открива дел од снимањето.
Мама Цеца одвои квалитетна сума пари за својата миленичка за да и го исполни долгогодишниот сон.
Анастасија е пресреќна и едвај чека песната да осамне пред јавноста.