Мегафон манифестации

„Вевчански карневал“ ќе има, но, на поинаков начин

„Вевчански карневал“ ќе има, но, на поинаков начин

Општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, ниту некогаш се мешала, ниту има право да се меша, а најмалку да ја одлага прославата на Свети Василиј.

„Организацијата на поворките со Василичари е на Василичарските друштва Горно и Долно мало и тоа е нивно право но и обврска. Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе се апелира да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василиј онака како што сме го славеле со векови.“ – вели градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.

Изминативе години во склоп на карневалот традиционално се одржуваа концерти на познати музички имиња од земјава и регионот како: „Архангел“, „Ареа“, „Галија“, „Црвена јабука“ итн.

To top