Радио Милева госпоѓа од збор...

Ветено – исполнето: Tамара Тодевска ја истетовира химната на Македонија (фото)

Ветено – исполнето: Tамара Тодевска ја истетовира химната на Македонија (фото)

Македонската пејачка Тамара Тодевска претходната година по враќањето од Евровизија, се најде во голем скандал за кој се зборува и ден денес.

Имено, на  прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, таа не го отпеја делот од химната каде се спомнуваат македонските револуционери Гоце Делечев, Питу Гули, Даме Груев  Сандански….

По оваа немила случка таа наиде на многу негативни коментари и критики дека се продала за пари, како не е ја срам…

Пејачката тогаш се огласи и се извини истакнувајќи дека тоа не било намерно туку не сакајќи направила грешка.

И покрај извинувањето, Тодевска често добиваше многу неубави зборови и критики, па таа повторно се објаснуваше дека не било намерно, дека го заборавила тој стих и како што кажа често заборава и свои песни.

Неодамна, таа во интервју за „Бексјтеџ“ откри дека ќе ја истетовира химната на Македонија.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-todevska-reshi-da-ja-istetovira-makedonskata-himna-na-sebe-me-boli-shto-me-mrazat-bez-prichina-video/

Вети и исполни, па Тодевска ја истотивира химната. Имено, пејачката на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која ја покажа тетоважата односно истетовираната химна и тоа делот кој не го отпеја односно како штво вели – делот кој го заборави.

фото: Инстаграм/тамаратодевска
фото: Инстаграм/тамаратодевска

Под објавата се нижеа разни коменатари, а меѓу нив и оние на нашите познати личности, меѓу кои и нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, Сара Мејс, Панчо кои и порачаа дека „не е арна“.

To top