Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш за српските медиуми откри дека од првата сопруга, пејачката Весна Змијанац се развел бидејќи го изневерувала со неговиот колега Драган Стојковиќ Босанац!
-Во тоа време, Драган Стојковиќ беше нашиот близок пријател и тој е навистина единствениот маж во кого би се сомневал дека некогаш ќе се замеша во бракот, но подоцна дознав дека во октомври, претходната година (1985) веќе бил со Весна, како и после тоа. Во ноември, јас разумно се разведов од Весна, дознавајќи за нејзините бројни авантури – открива Кемиш за српските медиуми.
Неговата сега поранешна сопруга, пејачката Весна Змијанац, не остана имуна на прозивката, па нејзината изјава излезе на насловната странуица на српскиот „Стар магазин“.
-Сексот со Босакац ќе го паметев, а Кемиш го заборавив – возвраќа Весна.
Очигледно и по толку многу години војната меѓу поранешните сопружници нема да заврши така лесно.
Босанац пак иако е главниот вмешан во овој секс скандал, досега не се огласил да ја каже својата страна на приказната.