Сегашната сопруга на Ѓоле Ѓогани – Весна раскажа нешто што поранешната – Слаѓа Делибашиќ, не би сакала да го слушне.
„Кога отидовме на првиот настап, немавме наш постер, па Ѓоле зеде еден од старите, на кој беа тој и Слаѓа, па и нацрта црни ленонки над очите со фломастер“ – рече Весна, а Ѓоле додаде:
„И ги зацрнив очилата за да не можат да и се видат очите, но и ја оставив истата фризура“.
„На таа слика Слаѓа имаше црна, пуштена коса, а јас се појавив со долга, руса, шатирана коса на сцената. Тогаш немавме пари за нови постери и професионална фотографија“ – признала со насмевка Весна на АЈ-ДИ-ЈЕЈ ТВ.
„Немавме многу пари кога го снимавме првиот албум. Слаѓа си замина и ги собраа сите (се смее). Додека го снимавме ЦД-то, отидовме во една пицерија и нарачавме пица така што ја поделиме на два дела за да ручаме“ – заклучи Ѓоле.