Српската пејачка Весна Ѓогани која долго време е на музичката сцена е препознатлива по својот изглед односно по долгата и рамна руса коса.
Весна не прави често промени, па досега остана доследна на својот изглед, но сега се одлучи да направи исклучок и по 18 години да ја промени фризурата.
Освен тоа што ја надогради својата коса, Весна повеќе не е само русокоса, одоносно на нејзината нова коса преовладуваат неколку бои, а пејачката изгледа многу поразлично од претходно.
Таа новиот изглед го комбинираше со капа и очила за сонце.
Новиот имиџ се допадна и на фановите на Весна, а некои и прокоментираа дека нејзините фотографии повеќе не се исти.
Весна од 2001 година е член на групата Ѓогани заедно со сопругот Ѓоле Ѓогани со кој има две деца. Во текот на годините Весна не се менуваше, па и понатаму се наоѓа на листата на 10 најубави жени во светот.