На прагот сме на новата година, да ја испратиме 2021 и да ја дочекаме 2022 година.
Новата Година, прославата и дочекот на највеселата ноќ во годината за обичниот свет е можност да здивне, да се опушти и расположи и секако да си даде надеж посакувајќи си ги себеси и на своите најблиски и сакани, најубавите желби
Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска откри кои се нејзините желби за 2022 година. Имено, таа објави статус на Фејсбук и откри што си посакува за следната година.
Во следната година ви посакувам :
-не отварајте бизарни и вести кои нема ама баш никако да ви го разбистрат умот, напротив затапуваат
-бидете храбри
-сторете нешто со вашиот живот и учете ги вашите деца на здрав живот, читање книги и кријте им ги гаџетите барем три пати неделно (не е кривично дело)
-не верувајте на политичарите секогаш е ПР, верувајте на сопствениот ум, инстинкт и волја
-кога ќе изгубите родител веќе сте потполно сами и неутешни
-се надевам дека следните наслови во медиумите ќе бидат исполнети со успесите на млади деца актери, со актери кои растураат на сцена и дека тоа ќе бидат главни вести (а не оние шушумиги како *срушиле* инстаграм со очајна потреба за лајкови и кликови
Јас не престанав да мислам и да работам за да оставам знаење на младите генерации.Не свиткав кичма на бизарностите и тривијалностите. Се смеам и кога не престанувам да плачам.Ќе се обидам да ја живеам духовитоста на мојот татко кој беше за мене инспирација со широката насмевка. Бидете свои и кога грешите, напиша Весна Бејби.
Инаку, на почетокот на декември почина таткото на македонската актерка.
Се надеваме дека 2022 година ќе ни донесе многу поубави и порадосни денови, многу здравје, успех, среќа и љубов.
Среќни празници.
фото: Антонио Станков/ фесјбук/весна бејби петрушевска